Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи учествуваше на конференцијата „Стратегија за Ромите, тек и следни чекори“ организирана од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на која имаше можност да се обрати пред присутните.
Република Северна Македонија секогаш може да се пофали со своите искрени намери за интеграција на Ромите. За тоа сведочи споменувањето на Ромите во Уставот, стратегиите и акционите планови и распределбата на финансиски средства за Ромите. Тоа не е барање помош, туку разумно позиционирање да ја постигнеме нашата цел со визија, интелект, храброст и лојалност во општествата во кои живееме. Мора да му пристапиме не од позиција на слабост, очај, туку од место на достоинство, вредност и моќ, рече Реџепи.
Во Стратешкиот план на Министерството за транспорт и врски за 2022-2025 година се дефинирани стратешките приоритети, вклучително и приоритетот Подобрување на станбена – комунална инфраструктура. За реализација на овој стратешки приоритет, како приоритетни цели се дефинирани:
Распределба на социјални станови за социјално ранливите групи граѓани и изградба и реконструкција на системи за водоснабдување и третман на канализација, што ќе доведе до подобрување на квалитетот на животот, додаде Реџепи во својот говор.
Во оваа насока, во однос на реализацијата на проектите, Министерството за транспорт и врски досега континуирано презема активности за поддршка на спроведувањето на Декадата и Стратегијата за Ромите, реализирајќи капитални проекти, поточно проект од областа на социјалните станови и различни проекти од областа на комуналната инфраструктура го заврши својот говор заменик министерот Реџепи.