spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Реџепи - 20 милиони денари за инфраструктурни проекти во општини со...

МТВ: Реџепи – 20 милиони денари за инфраструктурни проекти во општини со претежно Ромско население

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, се одржа манифестација во организација на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика и програмата Ромактед на Советот на Европа, на која учествуваше и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

 

Заменикот Реџепи во своето излагање истакна дека Министерството за транспорт и врски континуирано презема активности за поддршка на спроведувањето на Декадата и Стратегијата за Ромите, реализирајќи капитални проекти од областа на социјалните станови и проекти од областа на општинската инфраструктура.

 

Како и досега, така и во 2023 година, на предлог на Министерството за транспорт и врски од страна на Владата на Република Северна Македонија, одобрена е Програмата за поддршка на спроведувањето на Декадата и Стратегијата за Ромите за 2023 година, од буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година се издвоени средства во износ од 20 милиони денари кои општините можат да ги искористат за реализација на комунални инфраструктурни проекти за места населени главно со ромско население, рече Реџепи во неговиот говор.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...