spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатена интервентната мерка во вредност од 32 милиони денари кон 1035...

МЗШВ: Исплатена интервентната мерка во вредност од 32 милиони денари кон 1035 оризопроизводители

На сметките на 1.035 оризопроизводители, исплатена е сума од скоро 32 милиони денари. Оваа исплата се однесува на интервентната мерка за дополнителни 3 денари за оризова арпа, предадена во преработувачки капацитети во периодот од 26. декември 2021 до 30. јуни 2022 година.

„Ова е втора исплата за оризопроизводителите преку интервентна мерка, еднаш во декември 2021 кога од Ковид програмата беа исплатени 61. милиони денари  и втор пат со денешнава исплата од 32  милиони денари, што значи дека вкупно за овие две години ние сме исплатиле дополнителни, интервентни 93 милиони денари за поддршка на производителиете на ориз. Ова се сериозни суми кои јасно кажуваат дека сме покажале вистинска грижа за да го одржиме и да го заштитиме домашното производство на ориз. Да не заборавиме дека оваа Влада направи многу за оризопроизводителите, но и за откупувачите и преработувачите“ изјави министерот Николовски на денешната средба во Кочани со производителите на ориз.

Министерот ги презентираше сите мерки за поддршка кои Министерството ги превзело во изминатите години, но и оние кои се нови согласно новите програми на Министерството.

Годинава уште во февруари, навремено се исплатени субвенциите за полјоделците, вклучително и за 2.364 производители на ориз, а добија и зелена нафта со зголемен износ од 1600 денари за хектар, со што им помогнавме да ги намалат производствените трошоци. Вкупно за последниве два месеци исплатени се 60 милиони евра кон 78 000 земјоделци за субвенции кон лозари, градинари, полјоделци и сточари, а за скоро време ќе се исплатат и субвенциите за тутунот.

Воведена е посебна мерка наменета само за оризопроизводителите, за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз, како и мобилни сушари за ориз,

преку која минатата година доделени се 25 нови современи комбајни од Програмата за рурален развој, преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

Воведена е нова мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа. Поддршката за оваа мерка изнесува 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, односно 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм. За пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм бел ориз поддршката изнесува 10 денари по пакување. Ова е нова мерка која ја воведовме за прв пат и која ќе придонесе за зголемен извоз и отворање на нови пазари каде ќе биде пласиран и продаван нашиот македонски ориз.

Оризовата арпа достигна највисока откупна цена која се движи од 36 до 38 денари за килограм. Ова е рекорд споредено со цените од изминатите години кога се откупуваше и за 17 денари, а сега имаме зголемување за повеќе од двојно.

Со новите мерки и програми за 2023 година, повторно е предвидена поддршка за оризопроизводителите, па така тие повторно ќе можат да аплицираат за поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, со максимална вредност по корисник од 3.500.000 денари. Можат да аплицираат и за мерката Бизнис план и да добијат грант до 600.000 денари по корисник, или да аплицираат за мерките Млад земјоделец и Рурална жена.

Оризот е извозно ориентирана култура, со годишен извозен ефект од околу 3 милиони евра, ангажира 90% од вкупните површини со ориз во земјата во Кочани, Чешиново-Облешево, Горни Подлог и Зрновци, а останатите 10% се во Велес, Пробиштип, Штип и Виница.

 

Сите овие информации се доволна мотивација да продолжиме да го штитиме, да го одржуваме и зголемуваме домашното производство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи посветено и секогаш во интерес на земјоделците.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте