spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Билатерална средба на директорот Бабовски со Ѓаковиќ, директор на Управата за...

АХВ: Билатерална средба на директорот Бабовски со Ѓаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Црна Гора

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, своето присуство на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”,  која во изминатите два дена се одржа во Подгорица, Република Црна Гора го искористи и оствари билатерална средба со својот колега, директорот на црногорската Управа за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, г-дин Владимир Ѓаковиќ.

На средбата се дискутираше за актуелни прашања од областа на безбедноста на храната и состојбата со здравјето на животните во двете земји, а разменети беа искуства и добри пракси во областите кои се во надлежност на двете институции. Тема на состанокот беа и потенцијалните заеднички активности кои од двете институции ќе бидат спроведувани во наредниот период.

За време на средбата се финализираше и текстот на нацрт Меморандумот за соработка од областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика кој треба да го потпишат двете институции.

Со потпишувањето на овој документ ќе се зајакнат трговските односи меѓу двете земји во однос на трговијата со производи од животинско и неживотинско потекло и со живи животни, и ќе се подобри комуникацијата на двата надлежни органи во однос на заштитат на населението на двете земји од алиментарни заболувања и измами поврзани со храната.

Меморандумот за соработка ќе се потпише по дефинирање на техничките и административните прашања во двете земји.

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...