spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Обука за усовршување на комуникациски вештини

ДКСК: Обука за усовршување на комуникациски вештини

На 06 и 07 април, 2023 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), вработените од Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија учествуваа на работилница чиј фокус беше усовршување на комуникациските и презентациските вештини.

Со цел поголема транспарентност, отчетност и отвореност, како и поуспешно промовирање на резултатите во насока на зголемување на јавната свест за областите спречување и борба против корупцијата и утврдените состојби и работата на ДЗР, вработените во двете институции во текот на дводневната работилница преку предавањата на искусната новинарка Славица Арсова имаа можност да се запознаваат со најсуштинските предизвици во комуникацијата со медиумите.

Клучни теми на работилницата беа техниките и подготовката за јавен настап, механизам за справување со трема, презентациски вештини, како и ТВ и радио настапи: совети и техники.

Во своите воведни обраќања на работилницата, г-ѓа Иоана Косма, Директорка на ИФЕС во Северна Македонија, г. Максим Ацевски, Главен државен ревизор, г-ѓа Билјана Ивановска, Претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата и г-ѓа Слаѓана Србиновска од УСАИД USAID North Macedonia, заеднички ја истакнаа нивната благодарност и заложба за континуитет на заедничките активности и соработка се со цел да се биде “лидер во општеството“ како институции со висок интегритет, кој навремено и транспарентно пренесуваат информација за управувањето со јавните средства и корупцијата, а со тоа и подигнување на јавната свест и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте