HomeМинистерстваАМС: Промоција на македонскиот спорт во медиумите

АМС: Промоција на македонскиот спорт во медиумите

spot_img
spot_img

Агенцијата за млади и спорт преку “Европска недела на спорт “ проект финансиран од Европската комисија, а имплементиран од АМС од 2018та година овие два дена организира конференција под името “Промоција на македонскиот спорт во медиумите”

 

На дводневната коференција ќе се дебатира на оваа тема со голем број на спортски новинари од скоро сите спортски медиуми, со стручни излагања од наши познати спортисти и спортски работници.

-Драго ни е што ќе имаме можност на иста маса да поразговараме за она што е заедничко за сите , а тоа е како до поголема промоција на македонскиот спорт во медиумите . Овие два дена ќе имаме можност да размениме мислења и ставови, да најдеме решенија и да донесеме заклучоци за темите кои ќе ги опфатиме, истакна Ѐдиректорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски во воведниот говор.

Тој додаде дека спортот е она што нас не обединува, љубовта кон спортот да се негува на вистинскт начин , македонскиот спорт има што да понуди ако најдеме вистински начин како тоа да го презентираме и покажеме.

Тука сме да одговориме на сите прашања и предизвици со цел македонскиот спорт да го подигнеме на едно повисоко ниво какво што и заслужува.

На дводневната конференција свои излагања ќе имаат и Деканот на ФФОСЗ Алексовска-Величковска, како и наши поранешни успешни сппортисти како Перо Антиќ, Гордана Нацева, Стефче Алушевски и други.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија