spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2023 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 април 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

• 06.04.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

• 07.04.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...