spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Како Влада имаме сериозен пристап за поголемо општествено-економско интегрирање на Ромите

МТСП: Како Влада имаме сериозен пристап за поголемо општествено-економско интегрирање на Ромите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од настанот посветен на политиките за Роми во Република Северна Македонија под наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“. Настанот беше во организација на кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Министерката зеде активно учество на настанот во улога на панелистка во панел дискусијата заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шеќири, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

„Во 2022 година со активните мерки за вработување од Оперативниот план за активни програми биле опфатени вкупно 481 Роми од кои 157 се вработени преку мерките кои водат до директно вработување како што се Субвенционирање на плати, Самовработување со доделување на грант и вработување и раст на правни субјекти, додека традиционално низ годините може да се констатира дека најголем број од Ромите се вклучени во мерките за работно ангажирање како што се: Јавни работи и Општинско корисна работа и во 2022 година во овие две мерки биле вклучени вкупно 185 Роми“ рече Тренчевска во делот на мерките за поголемо вклучување на Ромите на пазарот на трудот.

Таа се осврна и на програмата за поддршка за самовработување – претприемништво како и поддршка за самовработување со здружување на корисници во ДОО. Министерката посочи дека освен финансиска поддршка тука е опфатена и менторската поддршка. Една од целните групи на корисници на оваа мерка Тренчевска истакна дека се и невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години.

Во однос на прашањето за лицата со кои се неевидентирани во матичната книга на родени министерката истакна дека тоа е предизвик нотиран уште од 2011 година и дека тоа е прашање на кое Владата работи со цел негово побрзо решавање. Што со сигурност ќе ги унапреди правата на лицата од ромската заедница.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...