spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Напредок на полето на родова еднаквост има, борбата продолжува додека секоја...

МТСП: Напредок на полето на родова еднаквост има, борбата продолжува додека секоја жена и девојка не се чувствуваат совршено безбедни и добредојдени во сите сфери на живеењето

На последниот панел „Одлучност, каде бевме-каде сме-каде одиме“ на Регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ- Гласно и храбро ги поместуваме границите“, се споделија важни пораки за каде треба да се движи општеството, од аспект на родовата еднаквост.

 

Патриција Ди Џовани, Постојан претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија истакна:„Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Среќна сум што можам да забележам дека Северна Македонија честопати беше позитивен пример, со навидум помал јаз меѓу мажите и жените, со еден од најголемите удел на жени-истражувачи, традиционално високи жени во политиката, помал јаз во платите, повеќе жени во раководни позиции, девојки во образование… Но, иако може да изгледа дека на жените и девојките во оваа земја им е подобро во споредба со остатокот од светот, во пракса, за жал, жените и девојките сè уште се изоставени и не придонесуваат за нивниот полн капацитет. И тоа едноставно не е доволно. Нема да биде доволно додека секоја жена и девојка не се чувствуваат совршено безбедни и добредојдени во своите домови, училишта, на нивните работни места, во Собранието, во Владата, во локалните општини или каде било, способни да напредуваат и да придонесат оваа земја да стане држава подобро место за сите”.

Александра Ристовска, Декан на Факултетот за уметности при Меѓународниот Балкански универзитет, посочи: „На наше изненадување студентите кои се запишуваат на  уметност се поголем број жени што пред 20 години не беше случај. Во денешно време можеме да забележиме дека во професиите каде е застапена емпатијата поголема е застапеноста на жени од мажи”.

Ангелина Станојоска, Продекан за наука и меѓународна соработка, Правен факултет, УКЛО – Битола изрази задоволство за учеството на регионалната конференција. Таа се осврна на жените сторители на кривични  дела.

„За жал многу често жените се решаваат да извршат кривично дело затоа што живот ги навел. Мојот фокус во работата со овие жени се причините кои ги навеле овие жени да направат кривично дело, да дознаам зошто извршуваат дела. Овие жени, доаѓаат од средини на патријахално поделени улоги, стереотипи и тие биле посочувани како виновни и решиле да не го пријават насилството сторено врз нив. Учат дека се беспомошни. Го прекинуваат насилството со убиство. Истанбулската конвенција е клучна за превенција на насилството, како и други аспекти од Кривичниот законик“, рече Станојоска.

Мартина Димоска, Магистранд по Вселенски науки на интернационален Вселенски универзитет, порача: „За да бидеш кај нас забележан како жена треба да се тргнеш од многу работи. Жената на жената е волк, во многу случаеви. Мора да се приспособиме, мора да се навикнеме на нашата култура за да успееме во нашата држава. Ваквите конференции треба да ги промовираат повеќе слојните личности и атипичните жени за поголема да се постигне родовата еднаквост”.

Мартина на крајот од своето излагање се надоврза на Патриција Ди Џовани и кажа: „За да ја преуредиме масата мора да имаме пристап на масата“.

Иван Дургутов, ЕУ Млад Амбасадор, се заблагодари на тимот на Министерството за труд и социјална политика за одличната организација на оваа дводневна конференција, но и на целокупната мартовска кампања преку која успешно го истакнаа значењето на менталното здравје и економското зајакнување на жената.

„Со целокупното мое дејствување во Мрежата на млади европски амбасадори која делува низ целиот Западен Балкан и во координација со институтициите на ЕУ од Брисел, се трудам да покажам на дело соработка и вклучување со моите колешки амбасадорки. Примери за тоа ги има повеќе, а еден од нив е партнерството кое го градиме со нив и преку кое секогаш кога одржуваме едукативни предавања на тема ЕУ, се трудиме да го претставиме она за кое ЕУ и се залага – родов баланс и настапуваме како мешан тим. А тоа дека затоа што јас и ние веруваме дека дека мешаните тимови, дали е тоа по возрасна структура, полова припадност, образовен профил и слично се многу поефикасни и поефективни“, порача Дургутов.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...