Во рамките на своите надлежности, Државната комисија за спречување на корупција за потребите на вработените во Секретаријатот организира и спроведува континуиран процес на обуки за имплементација на елементите на системот на интегритет, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Политиката за интегритет.
Согласно обврската за следење и намалување на ризиците од корупција, а во контекст на имплементирање на системот на интегритет, ДКСК е посветена на градење на капацитетите и поддршка на сите службени лица во процесот на исполнување на обврските кои произлегуваат од стандардите за интегритет во насока на законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работните задачи.
Оттука, на 12.04.2023 година во Центарот за обуки на ДКСК се одржа обука за системот на интегритет, каде обучувачи беа вработените во Секретаријатот на ДКСК кои работат на развивање на поединечните елементи од системот на интегритет.
Овој циклус на обуки е за потребите на сите вработени во ДКСК, а особено нововработените, со цел подигнување на знаењето за сите процеси и надлежности кои му припаѓаат на ДКСК.