spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 УЧЕСНИЦИ НА (TOSCA)– обука и...

НАЕОП: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 УЧЕСНИЦИ НА (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 21-485/2 од 10.04.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува

ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 (ТРИ) УЧЕСНИЦИ НА  (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус

24-28 Април 2023 година | Кавала , Република Грција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија во соработка со Национална агенција на Република Грција објавува јавен повик за учество на 3 учесници за обука во Република Грција на тема:  (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус

Рок за аплицирање до 16 Април 2023

Главна цел на обуката е да се овозможи поголемо разбирање на приоритетите на програмата ЕСК при дизајнирање на волонтерски проекти, стекнување на вештини за креирање и импелементирање на волонтерски проекти со акцент на квалитетот на проектите, поголемо познавање на правилата на програмата, можност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и предлог решенија за истите, како и размена на искуства и вмрежување.

Обуката ќе се реализира од 24-28 Април 2023 година во Кавала , Република Грција.

Оваа обука е наменета за претставници на организации кои имплементираат волонтерски проекти преку програмата Европски солидарен корпус.

Цели на обуката:
●  Зголемено разбирање и свесност и посветеност во примената на клучните критериуми за квалитет во Европски солидарен корпус

●  Градење на компетенции за дизајнирање и имплементација на квалитетни волонтерски проекти преку ЕСК
●  Обезбедување на појаснувања и поддршка во однос на формалното функционирање на програмата ЕСК: можности,  насоки, структури, приоритети, правила и процедури.
●  Mожност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и можни предлог решенија за истите
●  Зголемување на поддршката помеѓу самите органзиации кои се вклучени во Европски солидарен корпус

Учесниците треба да се :

  • Активно вклучени во волонтерски активности во Европски солидарен корпус.
  • да имаат поврзаност со организација која има добиено Ознака за квалитет  (или акредитација за волонтерство во Еразмус +)
  • Да имаат клучна улога во и посветеност за:  обезбедување на услови за квалитетни активности; да обезбедат позитивно влијание на волонтерски активности во локалната заедница; да креираат можности за учење во организацијата и за волонтерите.

Профил на учесници:

  • Младински лидери, младински работници, ментори на волонтери, тренери, координатори на волонтерски проекти.
  • Учесниците треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик кој ќе биде работен јазик за време на активноста.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е на следниот начин:

• Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;

• Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест ).

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите ќе се одржат во Кавала, Република Грција.

Рок за аплицирање до 16 Април 2023

Начин на аплицирање на следниот линк: https://forms.gle/fTbaDRj9Cguxifix7

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници за обука во Република Грција на тема: (TOSCA) – обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...