Почитувани корисници,
Како дел од Комуникацијата за постигнување на европската образовна област до 2025 година, воведена е Европската награда за иновативна настава (EITA) за да ги прикаже извонредните иновативни практики за настава и учење, имплементирани во рамки на програмата Еразмус +, како и да ја препознае работата на наставниците и училиштата кои даваат извонредни придонеси во нивната професија. Наградата придонесува кон истакнување на вредностите на европската соработка во областа на училишното образование и кон воспоставување на Европската образовна област. Иницијативата на Европската комисија во областа на училишното образование – Европска награда за иновативна настава (ЕИТА) која започна во 2021 година продолжува понатаму со својата имплементација.
Специфичните цели на Европската награда за иновативно учење се:
- Да се истакнат достигнувањата на наставниците и училиштата и да ја направат нивната работа повидлива;
- Да се идентификуваат и промовираат извонредните практики во наставата и учењето;
- Да се промовира меѓусебното учење на наставниците и училишниот кадар;
- Да се истакне важноста на Програмата Еразмус+ во европската соработка помеѓу наставниците.
Европската награда за иновативно учење се доделува на успешно завршени проекти во рамките на Програмата Еразмус+, кои ќе бидат избрани на годишно ниво од страна на Националните агенции во рамките на Програмата.
Секоја Национална агенција во рамките на програмата Еразмус+ на еден проект ќе му додели Европска награда за иновативно учење во следните четири категории:
- Предучилишно образование и воспитание
- Основно образование
- Средно образование
- Стручно образование и обука (училишта кои обезбедуваат почетна СОО)
Секоја година, Европската комисија дефинира тематски приоритет кој проектите мора да го исполнуваат за да бидат земени предвид за избор на ЕИТА. Тематскиот приоритет на ЕИТА Наградата за 2023 година е во контекст на Европската година на вештини, со наслов: “Образование и иновации”.
Со цел да се гарантира висок квалитет, транспарентност и доследност во доделувањето на Европската награда за иновативно учење, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги следи насоките и критериумите за избор дадени од страна на Европската комисија.
ЕИТА наградата има симболична вредност и нема да биде изразена во парични средства.
Корисни линкови:
EITA Website
Европска година на вештините – додадете ги вашите настани
European Education Area
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност