spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, февруари 2023 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, февруари 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за
градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 897 768 илјади денари,
што е за 258.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (56.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 108
(30.7 %) за објекти од нискоградба и 45 (12.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 294 станови, со вкупна корисна површина од 97 659 м2.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

ДЗС: Основни и средни училишта на крајот на учебната 2022/2023 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученицитево редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува...