spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТСП: Борбата со дискриминацијата е вистинскиот пат кон Европската унија

МТСП: Борбата со дискриминацијата е вистинскиот пат кон Европската унија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со министерот за човекови права и малцински права од Република Црна Гора, Фатмир Ѓека, членови на неговата делегација и амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ. На средбата се разговараше за важноста на човековите права и борбата со дискриминацијата токму на патот кон Европската Унија.

 

Министерката Тренчевска на почетокот од средбата се заблагодари на министерот Ѓека за неговото присуство и учество на регионалната конференција „Гласно и храбро ги поместуваме границите“ организирана во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведе Министерството за труд и социјална политика во месец март.

Двајцата министри ја потенцираа потребата од интензивирање на соработката, особено во делот на родовата еднаквост, размената на позитивните искуства, но и во имплементацијата на заеднички проекти и иницијативи.

На средбата беше дискутирано и за потпишување на официјален меморандум за соработка преку кој ќе се интензивираат акциите следниот период.

Од страна на министерот беше доставена и покана до министерката за труд и социјална политика за присуство на нивна регионална конференција, на која уште еднаш ќе се промовираат заедничките заложби, интереси и соработка на патот кон Евроинтеграција на двете земји.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...