spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Продолжува згрижувањето и стручниот третман за кучињата скитници

Радовиш: Продолжува згрижувањето и стручниот третман за кучињата скитници

Драги сограѓани, општина Радовиш продолжува организирано да се грижи за намалувањето на бројот на кучињата скитници.

Во соработка со Ветеринарната станица Неготино беше извршено организирано заловување, по што најпрво ќе следува идентификација на микрочипови а потоа вакцинација против беснило, антипаразитски третман како и тест за социјализација.

 

Би сакале да упатиме апел до здруженијата за заштита на животните и до сите граѓани сопственици на домашните миленичиња, за поголема вклученост во целиот процес. Потребна ни е соработка во делот на навремено пријавување на овие кучиња како и да се стави акцент на неконтролираното размножување.

 

Се надеваме дека заеднички ќе го надминеме овој секојдневен проблем.

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...