Градоначалникот г.Блерим Беџети имаше задоволство да ја пречека на средбата една од работните групи на Црвениот крст која ја сочинуваат студенти волонтери, жители на нашата општина, предводени од Амела Кроси.
На оваа средба тие презентираа за нивното функсионирање, како креираат мини-проекти за лоцирање на одредени проблеми и предизвици, за потоа да понудат решенија. Следна активност на волонтерската група е поставување на информативна табла на локацијата каде што се дели патот кон населените места Раче и Радуша.
Ја поздравуваме иницијативата на волонтерите на Црвениот крст, а ние како Општинска институција ќе продолжиме во законските рамки да ги подржуваме ваквите активности кои имат за цел решавање на одредени проблеми.
Извор: Општина Сарај