spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште

Штип: Жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште

За првпат после 30 години, жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште на кое ќе биде поставена специјализирана вештачка трева за мал фудбал.

Игралиштето ќе биде целосно оградено со заштитна ограда и целосно осветлено, заради подобра функционалност и безбедност во вечерните часови.

Ова катче ќе биде збогатено со детски содржини за најмалите како и целосно хортикултурно уредување на околниот простор.

Општина Штип продолжува со реализирање на ветените проекти кон нашите граѓани.

 

 

Извор: Општина Штип 

 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...