Ве известуваме дека од страна на инвеститорот на Општина Илинден на ден 19.04.2023 година ( среда ) поради асфалтирање на кружен тек на крстосница помеѓу ул.2, улица 8, улица 9 и новопланирана улица 1 (крак 1 ) во Илинден ќе биде затворен сообраќајот на улица 9 на потегот од Општината до кружниот тек, улица 2 на потегот од новото основно училиште ПОУ ,,Гоце Делчев” до кружниот тек и на улица 8 на потегот од надвозникот кај аптека Зегин до кружниот тек.
Сообраќајот ќе биде затворен од 10 часот се до завршување на работните активности односно асфалтирањето.
Извор: Општина Илинден