spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Почитувани,

Упатувањето амбасадори, односно шефови на дипломатски и конзуларни претставништва на Северна Македонија е регулирано со Законот за надворешни работи кој предвидува сложена постапка за именување на амбасадор, врз база на усогласеност од Министерството за надворешни работи и Претседателот, одобрување од Владата, како и агреман од државата на приемот.

Се работи за комплексен процес во кој своја улога има и Собранието, преку посебно излагање на предлог – амбасадорите пред Комисијата за надворешна политика; тоа е суштински елемент од постапката низ која не само што пратениците имаат можност да ги испрашуваат предложените амбасадори, туку овие седници се јавни за што и широката јавност има можност директно да запознае кој ќе ја претставува земјата во странство.

Сѐ до завршувањето на оваа постапка (добивањето агреман), овие податоци се доверливи и за тоа постои добра причина. Јавното шпекулирање на ВМРО-ДПМНЕ со информации од затворена седница, не само што претставува грубо кршење на законот, туку претставува дипломатски скандал со кој се минираат државните позиции, нанесувајќи притоа ненадоместлива штета на меѓународниот углед на земјата.

Шпекулирањето и објавување имиња на предлози, пред за тоа да се добие агреман од земјата – домаќин, ја загрозува улогата на самите амбасадори уште пред да бидат упатени, а во многу непријатна положба ги става и институциите на земјата – домаќин, чии процес на одобрување е сега контаминиран со шпекулациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Во истата насока, ја повикуваме ВМРО – ДПМНЕ за одговорно однесување, согласно дипломатските кодекси и узанси и почитување на принципите на Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи. Имајќи предвид дека Претседавач со Комисијата за надворешна политика е до редовите на оваа партија, она што граѓаните и дипломатската јавност очекува е целосно да се стави во функција овој механизам од процесот како најдобар начин да се обезбеди јавен увид врз целиот процес.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте