spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМНР: Османи на средби со лидерите на водечките политички групи во Европскиот...

МНР: Османи на средби со лидерите на водечките политички групи во Европскиот парламент, Гарсиа Перез и Вебер

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, одржа засебни средби со претседателите на двете најголеми политички групи во Европскиот парламент – Ираче Гарсиа Перез, Социјалисти и Демократи и Манфред Вебер, Европска народна партија.
 
Министерот Османи ја реафирмираше позицијата на државата како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, целосно усогласувајќи се со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со значајна поддршка за Украина.
 
Осврнувајќи се на успешниот тек на скринингот, Османи истакна дека Владата вложува максимални напори за заокружување на уставните измени како наша преземена обврска, со цел отворање на првиот кластер Темели до крајот на оваа година и динамизација на пристапниот процес, за што соговорниците ветија силна поддршка како и досега.
 
Министерот истакна дека, на патот кон полноправно членство во ЕУ, потребни се краткорочни видливи и опипливи бенефити преку забрзана интеграција на државата, што ќе овозможи поголемо зближување во политичка, социјална, а пред сѐ, во економска смисла.
 
На средбите стана збор и за регионалната динамика и придонесот на нашата држава кон регионалната стабилност и културата на дијалог со цел зајакнување на регионалната безбедност, продлабочување на добрососедските односи и унапредување на регионалната соработка.
 
Агендата на министерот Османи опфати и учество на тркалезна маса со известителите во сенка и европратениците здружени во неформалната група „Пријатели на Република Северна Македонија“, меѓу кои и Ирена Јовева, Андреас Шидер, Илхан Ќучук, Кристијан Сагарц, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Мaсимо Касталдо и Влад Ботош.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...