spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Доизградбата и модернизација на Коридорот 8 се наша примарна...

МТВ: Бочварски – Доизградбата и модернизација на Коридорот 8 се наша примарна стратешка цел, создаваме услови за економски раст и нови можности за македонските компании

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми вчера беа на увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Вкупната вредност на изведбата е 62,5 милиони евра, средства обезбедени од Светска банка.

На настанот присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

„Тука сме да ja поздравиме динамиката на изведбата на градежните работи на оваа делница, која е дел од Коридорот 8, чија доизградба заедно со Коридорот 10-д, е најголемиот инфраструктурен проект на нашата држава досега.

Со нашето доаѓање овде, на увид во изведбата и реализацијата на патниот правец Крива Паланка-Длабочица-Страцин како дел од меѓународниот Коридор 8, сакаме да испратиме порака дека обезбедувањето на модерни патишта, градени според европски стандарди е нашиот приоритет број еден во остварувањето на нашата стратешка цел, а тоа е побрзо патно поврзување на државата со регионот и светот и нејзино претворање во современа инфраструктурна, инвеститорска и економска крстосница“, истакна премиерот Ковачевски, при увидот на делницата, кој порача дека очекува реализацијата на оваа делница да се заврши во очекуваниот рок, до средината на следната година, по можност и поскоро, со цел граѓаните да можат час поскоро да ги уживаат придобивките на една модерна патна инфраструктура, кои ги уживаат и сите европски граѓани.

Тој нагласи дека изведбата на делниците кои се дел од Коридорот 8 ќе донесат далекусежни придобивки за нашите граѓани бидејќи ќе ја поврзат нашата држава со пристаништето Варна на исток и пристаништето во Драч на запад.

„Успехот во остварувањето на оваа цел за нас како Влада ќе биде успех за Северна Македонија, која на овој начин ќе добие на цена како просперитетна и стабилна држава, привлечна за странските инвеститори. На тој начин, повеќекратно ќе помогнеме на нашата држава во обезбедувањето на нови работни места и отворање на нови компании, кои ќе бидат конкурентни на светските пазари. Но, не само тоа. Меѓународното поврзување на нашата држава многукратно ќе го зголеми и обртот во сите други сектори, како туризмот, угостителството, производството на храна и генерално, ќе се стимулира растот на економијата и порастот на работните места“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека од 2017 до 2022 година се вложени преку 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта.

Премиерот Ковачевски посочи дека само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесуваат 1,1 милијарда евра и дека се изградени и рехабилитирани 44 експресни, магистрални и регионални патишта. Тој нагласи и дека лани е регистрирана рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60% повеќе од 2014 година.

„Започна изградбата и на железничката пруга од Коридорот 8, инвестиција вредна преку 600 милиони евра. За прв пат ја поврзуваме нашата држава со запад и исток, како надополнување на патната инфраструктура на потегот север-југ. Вложуваме огромни инвестиции и ги потврдуваме нашите добрососедски политики кои се врвот на нашата агенда на патот кон евроинтеграциите. Вложуваме во сигурни, модерни и безбедни патишта затоа што се грижиме за нашите граѓани, нашата држава и нејзиното позиционирање на светската  транспортна рута“ рече премиерот Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски зборуваше за важноста на оваа делница како дел од Коридор 8.

„Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, па дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8, кој ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Коридорот 8 има посебна економска и општествена вредност и значење.

Правиме се за што поскоро да ја завршиме неговата доизградба, како во овој дел, така и на западниот крак од Коридорот, каде започнавме со реализација на најголемата инвестиција во патната инфраструктура во земјата, со изградба на автопатите од Тетово до Гостивар, преку Стража до Кичево и од Требениште до граничниот премин Ќафасан, со што комплетно Коридорот 8 ќе биде модерна патна врска“, потенцираше министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми изјави:

„Извршивме рехабилитација на магистралниот пат Куманово-Страцин со должина од 32 км и вкупна вредност од 13 милиони евра, кој е од витално значење не само за регионот, туку и за целата држава.

Беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар, а реконструкција со рехабилитација и доизградба на една лента се одвива и на државниот пат Крива Паланка–Деве Баир во должина од 13 км, проект финансиран со средства од ЕБОР во висина од 12 милиони евра, каде што физичкиот прогрес на работите е 75 %. Исто така,  во изработка е проектната документација за рехабилитација на државен пат А2, обиколница на Крива Паланка“.

Патниот правец Крива Паланка-Длабочица-Страцин е дел од меѓународниот Коридор 8 и е од огромно значење за поврзаноста на Република Северна Македонија со Бугарија и Албанија и има огромно геополитичко значење за нашата држава. Со изградбата на оваа патна делница ќе се скрати времето на патување, ќе се добие побезбеден, комфорен и непречен сообраќај, а ќе се поттикне и економскиот раст, подобрувајќи ја трговијата, географската пристапност и мобилноста на луѓето.
_______________________________________________________________________________________________________

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Во прилог изјавата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Имаме цврста стратешка определба за доизградба и модернизација на Коридорот 8, како еден од двата најзначајни коридори кои минуваат низ нашата земја.

Наша примарна цел е да создадеме модерна и безбедна патна инфраструктура, која ќе овозможи брза патна врска внатре во државата и кон соседните земји, но и да создадеме услови за економски раст олеснувајќи го транспортот на стоки и патници и отварајќи нови можности за македонските компании.

Посебен фокус ставаме токму на Коридорот 8 како проект од национален интерес, соочени со предизвикот да го забрзаме транспортот кон земјите од регионот.

Денеска заедно со премиерот Ковачевски и директорот Рустеми се наоѓаме на увид во градежните активности на изградба на новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка, поточно на првата делница кај местото Чатал.

Експресниот пат го градиме во две подделници, од Чатал до Длабочица и од Длабочица до Крива Паланка.

Вкупната должина на целиот експресен пат изнесува 25,5 километри и за негова комплетна изградба инвестираме 62,5 милиони евра.

Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, па дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8, кој ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион.

Задоволен сум од градежните активности на компанијата Штрабаг која работи на првата делница и очекувам предвидените рокови да бидат запазени.

Во североисточниот регион вложуваме значајни средства за подобрување на патната инфраструктура.

Минатата година ја завршивме реконструкцијата на регионалниот пат Куманово – Страцин во вкупна должина од 31 километар, инвестиција вредна 11,9 милиони евра.

Исто така, активно работиме и на реконструкција и проширување со трета лента на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, каде инвестираме 12 милиони евра.

Доволно е да поминете во овој дел од државата и лесно може да ги забележите резултатите на терен.

Навистина сум горд што можам да кажам дека нашите политики даваат конкретни и значителни резултати и носат бенефит за граѓаните и за целата економија.

Коридорот 8 има посебна економска и општествена вредност и значење и правиме се за што поскоро да ја завршиме неговата доизградба, како во овој дел, така и на западниот крак од Коридорот, каде започнавме со реализација на најголемата инвестиција во патната инфраструктура во земјата, со изградба на автопатите од Тетово до Гостивар, преку Стража до Кичево и од Требениште до граничниот премин Ќафасан, со што комплетно Коридорот 8 ќе биде модерна патна врска.

Би сакал да истакнам дека во овој дел од земјата работиме активно и на изградба на пругата кон Бугарија, тоа е дел од железничкиот Коридор 8, каде исто така инвестираме рекордни средства во историјата на железничкото поврзување.

Само за првите две делници инвестираме 200 милиони евра, а во текот на летниот период очекувам да го распишеме и тендерот за избор на изведувач и за изградба на третата најтешка делница.

Продолжуваме активно низ целата држава, инвестираме значајни средства, реализираме голем број капитални проекти и слободно можам да кажам дека сега во Македонија се гради и се работи како никогаш до сега, а тоа освен на терен, го кажуваат и бројките на реализирани капитални инвестиции.

Градежната сезона е пред нас, ги засилуваме теренските посети и активности, бидејќи сите заслужуваме квалитетна и модерна инфраструктура низ целата земја.“

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...