spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Заменик министерот Бајдевски во студиска посета во Брисел

МИОА: Заменик министерот Бајдевски во студиска посета во Брисел

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски заедно со Делегација од Северна Македонија, престојуваше во студиска посета во Брисел, од 25 до 27 април, во организација на Регионалната школа за јавна администрација (РеСпа)

Активностите се во насока на остварување на една од приоритетните цели, модернизација на администрацијата во служба на граѓаните.

Бајдевски учествуваше на работни средби заедно со останатите регионални експерти по администрација и административни службеници од регионот на Западен Балкан. Притоа имаше можност за размена на искуства, меѓу другото за темите како што се најдобрите практики за управување со човечки ресурси во јавната администрација, новиот модел на мерит систем и процесот на селекција, употреба на онлајн алатки и вештачка интелигенција итн.

Во рамки на престојот, беа остварени посети на Европската школа за администрација(EUSA), Генералниот Директорат на Европската Комисија за Човечки ресурси и безбедност, Европската канцеларија за селекција на кадри(EPSO) и Федералната јавна служба и поддршка(BOSA).

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...