spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Обука на преведувачи и лектори од јавниот сектор 60 вработени во...

АПЈ: Обука на преведувачи и лектори од јавниот сектор 60 вработени во различни институции и во администрацијата ќе започнат обука за превод и лектура на највисоко професионално ниво на албанскиот јазик

Ова е трета година што Агенцијата за примена на јазикот на РСМ спроведува обука на кадарот за превод и прва од ваков вид во земјите од регионот.

Забележувајќи дека има низа проблеми во употребата на јазикот, Агенцијата за примена на јазикот преку оваа обука има за цел да обучи преведувачи и лектори за најсоодветен превод од сите институции, пред сè од министерствата, државните органи, судовите и целиот јавен сектор.

За време на обуката ќе предаваат познати јазични експерти, правници и експерти од различни области од Северна Македонија, Косово и Албанија. Ова подразбира унифицирање на стручната терминологија на јазиците што се користат во земјава и подигнување на квалитетот на нивната употреба, како и враќање на достоинството на работата на преведувачите, зошто да не и нивно лиценцирање на албански јазик, на истиот начин како што е регулиран статусот на лекторите по македонски јазик.

Координаторот за обука, проф. Шпреса Зеќири Ибрахими изјави: „Имајќи ги предвид искуствата на преведувачите, лекторите или изготвувачите на административни дописи, во темите што ќе се обработуваат оваа година, ги вклучивме сите нивоа, како што е анализа на текст, превод на текстови со општествени теми, од областа на културата, снабдување со зборови и изрази на софтверот итн. во повеќето државни институции“. Проф. Шпреса Зеќири Ибрахими продолжува: „Нема многу преведувачи од албански на македонски и обратно, ниту лектори, но и таму каде што ги има, не се сите добро профилирани. Поради оваа причина, обуката ја организиравме поделена во групи на преведувачи и лектори“.

Директорот на Агенцијата на јазици, Ардиан Муслиу, денеска ги поздрави преведувачите, лекторите и професорите кои ќе учествуваат на обуката што ја организира Агенцијата. Тој, исто така, нагласи: „Една од задачите на AПJ е обука на преведувачи и лектори од сите институции во државата кои ги спроведуваат јазичните политики и унифицирање на административната терминологија. Пишувањето и преведувањето се сложени активности што бараат висока професионална обука и долгогодишно искуство. Официјализирањето на албанскиот јазик на државно ниво е чекор со голема политичка тежина кај нас“.

Обуката на преведувачи и лектори ќе трае 6 недели, два пати неделно и ќе се одржува во просториите на АПЈ. Имено, секоја недела ќе ве информираме за темите и за професорите кои ќе држат предавања.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...