spot_img
spot_img

УЈП: Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач

Самостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот...

Најчитано

Претставници од Управата за јавни приходи во Клуб на пратеници присуствуваа на завршна конференција на Твининг проектот на ЕУ “Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач” чиј цел е зајакнување на правата на работниците во случаите на несолвентност на работодавачите, преку воспоставување на гарантен механизам согласно со минималните барања утврдени со Директивата 2008/94/ЕЗ.

Носител на овој проект е Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за труд, социјални работи и семејство на Република Словачка и Агенцијата за регионален развој Сенец-Пезинок.

Управата за јавни приходи имаше активно учество во спроведување на проектните активности при утврдувањето на регулаторната рамка и деловните процеси за функционирање на гарантниот механизам, што се должи на професионалниот капацитет на УЈП како орган кој има надлежности и овластувања при наплатата на придонесите од задолжително социјално осигурување и управувањето со системот за интегрирана наплата – бруто плата.

Со водство на МТСП, УЈП заедно со МФ, АВРСМ и социјалните партнери треба да бидат клучните чинители за функционирање на овој гарантен механизам, за што треба да следуваат уште активности за јакнење на капацитетите, вклучително и соодветно прилагодување на ИТ системите на УЈП и АВРСМ.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе