spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Потпишан Меморандум за соработка со Бизнис Конфедерација на Македонија

Илинден: Потпишан Меморандум за соработка со Бизнис Конфедерација на Македонија

Водени од потребата за јакнењето на меѓусебната соработка и афирмација на областите од заеднички интерес беше потпишан Меморандум за соработка за спроведување на проекти од областа на одржлив локален економски развој.  Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, м-р Александар Георгиевски и претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, Миле Бошков.

Целта на Меморандумот е преку искористување на капацитетите од двете страни да се постигне остварување на заедничките интереси во насока на забрзување на локалниот економски развој преку зголемување на ефикасноста на инвестициите во општина Илинден.

Со овој Меморандум ќе се придонесе да се зголеми бројот на нови работни места во општината, ќе се овозможат активности за волонтирање, со што би се укажала можност на младите и невработените да стекнуваат поголемо искуство. Исто така, ќе се даде поддршка на старт ап бизнисите, млади стопански претпријатија и компании за олеснување на процедурите при реализација на инвестициите во општина Илинден, формирање на локален економски совет, како и формирање на бизнис клуб.

Во рамки на Меморандумот, ќе се обезбеди размена на информации за организирање на разни програми за обука поврзана со образование, култура, економски активности, туризам, поттикнување на проекти, апликации, искуства итн.

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...