На иницијатива на Општина Виница претставници од Проектот на USAID Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и претставници на 13 општини беа во работна посета на Академија Прогресив во Виница и на Музеј Теракота – Виница.
Со целите, визијата и начинот на функционирање на академијата посетителите ги запозна директорката на Фондација Прогресив,Александра Кирилова,која посочи дека модерното време и самиот технолошки напредок, на бизнис светот наметнува различна перспектива на гледање на работите, со потенцијал за внесување свежина и нови трендови на менаџирање и делување на компаниите.
Свое обраќање кон присутните имаа и извршниот директор на Макпрогрес – Глигор Цветанов, генералниот директор Александар Цветанов и како претставници од Општина Виница Луиза Алексова, Благој Стаменков и градоначалникот Миле Петков.
Во Музејот Теракота своја презентација пред посетителите имаше кустосот Јовица Илиев.
Извор: Општина Виница