spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСо поддршката која ја добиваме, исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен...

Со поддршката која ја добиваме, исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен живот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамките на работната посета на САД, оствари средба со Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар и директор за Регионално биро за Европа- УНДП.

На средбата на која присуствуваше и заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се разговараше за активности и поддршката на УНДП за Република Северна Македонија, кои опфаќаат повеќе области како енергетика, животна средина, социјален развој, здравство, демократско управување, зелено финансирање.

Премиерот Ковачевски изрази задоволство за насоките дадени од оваа значајна меѓународна организација, во справувањето со енергетската и економската криза.

На средбата беше потенцирано дека и во иднина ќе продолжи да се унапредува соработката на УНДП со нашата држава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...