spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБитиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна...

Битиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  денеска одржа работен состанок со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

На состанокот се зборуваше за прашањето за недостаток на работна сила на пазарот на труд во Северна Македонија, ситуација која не го заобиколува ниту сегментот на ИКТ индустријата, поради што од страна на претставниците на МАСИТ беше нагласена потребата од либерализација на пазарот на труд.

„Се соочуваме со структурни промени кои бараат прилагодување на вештините на граѓаните на потребите на пазарот на труд, само на тој начин може да се гради економија која ќе ги следи дигиталните можности кои се поставуваат пред неа и на тој начин да расте. Развојот на дигитални вештини кај економски активното население претставува добра основа за понатамошниот раст на ИКТ индустрија, но дополнителни развојни потенцијали ќе се добијат и со либерализацијата на пазарот на труд“, рече вицепремиерот Битиќи.

На состанокот вицепремиерот Битиќи беше запознаен со повеќе иницијативи и процеси на неформално образование кои се спроведуваат од страна ИКТ секторот во земјава, а кои се ставени во функција во кратки временски периоди да извршат преквалификување на работници согласно потребите на оваа растечка индустрија.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека дијалогот со претставниците на стопанските комори е важен во отворањето на теми кои се од суштинско значење за општеството.

„Мора заеднички да дојдеме до подобра позиција на домашните компании во процесите на дигитализација, во рамки на јавно-приватниот дијалог“, истакна вицепремиерот Битиќи.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Илија Господинов истакна дека со воспоставената комуникација преку Комисијата за јавно-приватен дијалог се добива висока вредност за сите чинители во овој процес за надминување на тешкотиите и предизвиците со кои соочуваат компаниите од ИКТ индустријата.

„На пат сме да го пронајдеме вистинскиот начин кој ќе даде резултат, преку повисоко ниво на формална комуникација и оперативни чекори ќе дојдеме до подобар дијалог и интеракција помеѓу коморите и Владата“, рече Господинов, притоа нагласувајќи ја потребата од олеснување и унапредување на административните процедури во делот на ангажирање на работна сила во ИКТ индустријата.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...