spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу учествува на Светскиот Економски Форум (СЕФ) 2023 во Женева

МИОА: Министерот Алиу учествува на Светскиот Економски Форум (СЕФ) 2023 во Женева

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, учествува на годишниот самит на Светскиот Економски Форум (СЕФ) 2023 година во Женева, Швајцарија, дводневен настан од 02 до 3 мај, кој вклучува неколку сесии на тема: Работа и Можност за Сите.

Светскиот Економски Форум е меѓународна организација за јавно-приватна соработка која ги ангажира клучните политички, деловни, културни и други општествени лидери за формирање на глобалните, регионалните и индустриските агенди.

Целта на овој самит е да даде можност да се разговара за вработување, политика, политики или иновативни идеи, да се идентификуваат и оценат клучните предизвици на економскиот раст, да се поддржи прилагодувањето на приватниот сектор со иновативните социјални практики и да се идентификуваат мерките коишто треба да се преземат за поконкурентна економија во регионот.

Науката и технологијата беше насловот на една од сесиите, на која министерот Азир Алиу и другите учесници разговараа за прашањата за сајбер безбедноста и за тоа како деловните и политичките лидери можат да мобилизираат колективен одговор за заштита на критичните средства и ублажување на системската штета додека хибридните напади стануваат сè пософистицирани.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...