По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвениот крст на град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Град Скопје му додели признание за соработката која се темели на повеќегодишна взаемна поддршка. Град Скопје беше и меѓу првите кои помогнаа со финансиска помош и екипи на терен при катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
– Одличната соработка на Градот Скопје и Црвениот крст продолжува со поддршка низ бројните програми за грижа на ранливите категории граѓани. Хуманите луѓе кои своето време и компетенции ги ставаат во функција на грижа и помош во општеството, може да направат вистинска разлика во животот на оние на кои таа им е најмногу потребна – истакна заменик градоначалникот Александар Трајановски.
Извор: Град Скопје