HomeМинистерстваМЖСПП: Унгарија ги поддржува нашите заложби во животната средина на ЕУ интегративниот...

МЖСПП: Унгарија ги поддржува нашите заложби во животната средина на ЕУ интегративниот пат

spot_img
spot_img

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија во нашата држава Н.Е. Андраш Клајн. На средбата се разговараше за досегашната соработка на двете држави во областа животна средина и можностите за проширување на истата.

Фокусот на разговорите беше на статусот на твининг проектот: „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот“, што е започнат при крајот на 2022 година и треба да заврши до крајот на 2024 година а е поддржан од Блу Планет Фондацијата од Република Унгарија и Агенцијата за животна средина на Република Австрија.

Со овој проект ќе се  овозможи ефикасно и ефективно работење на модерна, одговорна индустрија за рециклирање и обновување во земјата, следејќи ги принципите на циркуларната економија. При тоа,тој  ќе придонесе кон развивање на  професионални, испорачливи, одговорни и ефикасни шеми за проширена одговорност на производителот со што ќе се зајакнат капацитетите на надлежните национални органи за управување со отпад и засегнатите страни за модерно управување со отпадот и систем за евидентирање и известување преку интернет.

4Покрај дискусиите за состојбите во делот на управување со отпадот, се разговараше и за управувањето со водите како приоритетни области во наредниот период. Унгарскиот амбасадор ја пренесе подготвеноста на Унгарија за поддршка на нашата држава во процесот на ЕУ интеграциите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија