spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Државниот секретар Хасан се обрати на работилницата: „Подобрување на квалитетот на...

МИОА: Државниот секретар Хасан се обрати на работилницата: „Подобрување на квалитетот на Проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во Северна Македонија“

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со СИГМА,  на 09 и 10 мај 2023 година спроведе дводневна работилница на тема „Подобрување на квалитетот на Проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во Северна Македонија“. Целта на дводневната работилница е да се зајакнат капацитетите на ресорните министерства и клучните институции на централната власт за планирање и спроведување на проценка на влијанието на регулативата (ПВР).

На работилницата се обрати државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација г-дин Елвин Хасан, кој ја истакна важноста на процесот на ПВР преку кој министерствата обезбедуваат почитување на основните начела за добро владеење како и на определбата на Владата за унапредување на квалитетот на регулативата.

Свое обраќање имаше и раководителот на СИГМА за Северна Македонија г-дин Баграт Тинијан кој се осврна на резултатите од Извештајот за следење на СИГМА за Северна Македонија како и на значењето на процесот на проценка на влијанието на регулативата за евроинтегративниот процес.

На работилницата се споделија клучни знаења и информации за процесот на ПВР и тековната методологија. Исто така, работилницата опфати и многу практични вежби кои ќе им помогнат на учесниците да применат некои од концептите на ПВР, со што ќе придонесат за подобрување на нивното практично знаење и вештини за спроведување на ПВР.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...