spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Четврта недела од обуката за преведувачи и лектори

АПЈ: Четврта недела од обуката за преведувачи и лектори

Во просториите на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ започна четвртата недела од обуката за преведувачи и лектори. Темите што ќе се „чешлаат“ се: „Превод на правни текстови“ со предавач проф. д-р Афет Мамути и „Компаративна граматика на албанскиот и македонскиот јазик“, со предавач проф. д-р Аслан Хамити.

Во однос на темата „Превод на правни текстови“, за специфичностите на преведувачите и лекторите, проф. д-р Афет Мамути рече: „Она што сакам да го истакнам на денешното предавање е фактот дека при преводот е зачувано изворното значење текстот на изворниот јазик“, притоа додавајќи дека: „Обуката на преведувачи и лектори од страна на АПЈ е продуктивна, бидејќи се решаваат проблемите со кои се соочуваат самите преведувачи“.1

0R0A4908

Проф. д-р Аслани Хамити за темата „Компаративна граматика на албанскиот и македонскиот јазик“ појасни дека: „Во текот на предавањето ќе се фокусирам на главните сличности и разлики меѓу двата јазика и каде треба да се ориентираат преведувачите и лекторите за употреба на современата технологија, (електронски речници, објаснувања на поими итн.) во нивната практична работа.

Обуката за преведувачи и лектори во Агенцијата за примена на јазикот ќе продолжи и следната недела.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %  од граѓаните

Прочитајте