spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2023 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 112.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Градежништво (19.8 %), Образование (15.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(14.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.6 %), Преработувачка индустрија (6.4 %) и Уметност,
забава и рекреација (5.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 34 925 денари.

Прочитајте