spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ во Автокоманда се...

МТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ во Автокоманда се од 2022 година, кога објектот имаше поплава, градинката е реновирана

Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека сликите кои се прикажани од страна на родителите за состојбата на ЈОУДГ „ Детска Радост“- населба Автокоманда, Општина Гази Баба, се од почетокот на 2022 година кога настана поплава во објектот поради пукната цевка за парно во тоалетот.

 

Во септември 2022 година е извршено реновирање на објектот „Мимоза“, населба Автокоманда од надворешна и внатрешна страна со санација на ѕидовите. Санацијата е извршена со средства од Министерството за труд и социјална политика преку дотација.

Со ова уште еднаш се врши залажување на родителите и јавноста, а објектот е саниран. Останат е уште мал дел кој треба да се доправи од надворешна страна и е во план за оваа година да се заврши.

Со цел вистинито информирање на јавноста замолуваме за објава на вашиот медиум.

Во прилог објава за активностите околу реновирањето на просторот зафатен со поплавувањето.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0NUoURABSZSxpb2Rq9X5YPUr3EYZiiKf2WLDT6xZc9CJAaqXtinAJuXLzwrih6MVyl&id=100085804710720&mibextid=Nif5oz

 

 

 

Извор:  Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...