spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНосители на процесот на креирање на Националната Развојна стратегија се граѓаните

Носители на процесот на креирање на Националната Развојна стратегија се граѓаните

Во „Утринска на Телма“ со Горан Петрески, беше заменик – претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Фокусот на дискусијата беше насочен на процесот на креирањето на Националната развојна стратегија. Во сеопфатниот разговор околу стратегијата се дискутираше за самата идеја, важноста на процесот, активностите кои до овој момент се реализирани и заложбите за успешна реализација на предвидените активности во иднина.

Во разговорот вицепремиерот Битиќи ја истакна мултидимензионалноста и комплексноста на  процесот, за кој е неопходно заедничко работење и синергија на сите постоечки сектори и општествени стејкхолдери во државата. Процесот на креирање на оваа стратегија е од големо значење за иднината и бара методичност и внимателен пристап при креирањето.

Националната развојна стратегија ќе биде визионерски стратешки документ кој ќе го утврди развојниот пат на државата во следните 20 години преку процес на широка консултација, вклученост на сите чинители, како и преку градење меѓу-генерациски, меѓу-етнички, меѓу-партиски и родов консензус помеѓу клучните општествени чинители. Преку НРС се мапираат тековните и постоечките предизвици на општеството и фокусот на изградба на соодветни капацитети, со цел државата да биде подготвена и да може успешно да се соочи со претстојните предизвици.

За важноста на инклузивноста при креирањето на стратегијата, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна „Ако видите кој се е вклучен во креирање на оваа стратегија, тоа се национални експерти, луѓе од државата. Кога се правеа мапирањето и анализите на 25 области, 28 национални експерти беа вклучени, имаше над 30 визионерски работилници со над 3.000 наши сограѓани.  Ова е знак дека во општеството полека влегуваме за важни прашања за државата да наоѓаме консензус. Ова е единствениот ако вистински кажуваме дека си ја сакаме татковината, таа не се сака на друг начин освен ако не се креира заеднички нејзината иднина, за сите нас“, рече Битиќи.

„Постигнувањето на консензус не може да се направи брзо и затоа Националната Развојна Стратегија одлучивме да оди постепено“, истакна Битиќи, додавајќи дека е благодарен на сите вклучени како бизнис секторот, граѓанскиот сектор, младите, вработените од институциите како и политичките партии од позицијата и опозицијата, за нивното активно учество.

„По основ на овој процес, прв пат ќе се заблагодарам на сите чинители во општеството вклучувајќи и партии од опозицијата кои што во последните активности, управувачкиот комитет, работилница за одредување на стратешките области и останати активности, веќе активно учествуваат. Тоа е знак дека во општеството можеби полека влегуваме за битни прашања за државата да наоѓаме консензус“, истакна Битиќи.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...