spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз

Град Скопје: Дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 30 градоначалници од светот, дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз, најголемиот настан кој ги обединува иноваторите, инвеститорите, лидерите и креаторите на политики, ориентирани кон заеднички конкретни акции за справување со глобалните предизвици, од кој произлегуваат решенија и конкретни мерки за заштита на животната средина.

Меѓународниот самит „ChangeNOW“ е еден од најголемите глобални настани, каде што се развива програмата за одржливи градови. 30 градоначалници од светот имаа можност да се запознаат со најновите иновации за справување со урбаните предизвици, како и да разменат добри практики и позитивни искуства за креирање паметни и одржливи градови, преку експертски работилници и билатерални состаноци.

На самитот градоначалниците имаат можност да идентификуваат конкретни решенија кои се однесуваат на потребите и интересите на градот, како решенија за биоотпадот, зелената и урбана мобилност, преку размена на искуства и споделување на најдобрите практики и механизми за  нивна имплементација на локално ниво.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...