spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”

Град Скопје: Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”

Градот Скопје и годинава ја поддржa реализацијата на седмото издание на „Вози право, вози здраво”, настан со кој се промовира велосипедизмот како алтернативна форма на урбан транспорт и се влијае на подигањето на јавната свест за зачувување на здравата животна средина со замена на автомобилите со велосипед при секојдневниот транспорт.
Од Порта Македонија денеска тргнаа над 8.000 учесници, коишто на велосипеди, трицикли, тротинети, ролерки и скироли возеа до целта во Градскиот парк, каде што за нив беше организирана забава, дружење, освежување и вредна лотарија.
Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, ја додели првата награда, односно вредносен ваучер од 12.000 денари од страна на Градот. Се одржа и лотарија за учесниците, а најсреќните дома си заминаа со вредни награди.
Градот Скопје веќе има воспоставена велосипедска инфраструктура, којашто екипите на Градот редовно ја одржуваат, а ваквиот тип на спортски манифестации дополнително ја поддржуваат заложбата за почиста животна средина и здрави урбани навики кај граѓаните.

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...