И оваа година ИутеКредит Македонија присуствуваше на Денот на кариерата 2023 на УАКС кој се одржа на 18-ти мај.

Во ИутеКредит Македонија веруваме дека квалитетното образование отвора голем број на можности за професионална реализација на младите луѓе.

Затоа ја изразуваме нашата благодарност до Универзитетот Американ Колеџ Скопје за поканата за учество на саемот за вработување и можноста да се претставиме пред студентите како финтек компанија која нуди кариерни солуции при избор на професија.