spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Реџепи - Стратешки документ Секторска оперативна програма за транспорт

МТВ: Реџепи – Стратешки документ Секторска оперативна програма за транспорт

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи завчера учествуваше на состанокот на работната група за транспорт и врски на која се разгледуваа предлог проектите што се опфатени во Секторска оперативна програма за транспорт 2024 – 2027 година а на која учествуваа и претставници од Европската Унија, од Европската банка за обнова и развој, Европска инвестицискa банка и Светска банка.

 

Сакам да Ве уверам дека Република Северна Македонија посветено работи на предизвиците со кои се соочува на патот кон членството во големото европско семејство. Чекор поблиску до реализација на оваа цел е токму овој стратешки документ Секторска оперативна програма за транспорт преку Повеќегодишната оперативна програма за транспорт за годините 2024 – 2027 година, што беше презентирана денеска, се обрати заменик министерот Реџепи.

Овој важен документ обезбедува кохерентност со Трансевропската транспортна мрежа на Европската Унија, промовира правилно планирање и развој на одржливо и ефикасно ниво на пристап до Република Северна Македонија и Европската Унија. Водени токму од ова, најголемо внимание посветуваме на целосно завршување на Коридорите, според утврдените временски рокови. Остануваме посветени на завршување на капиталните проекти од стратешко значење за државата, како што се завршувањето на Коридорите 8 и 10 г и завршувањето на оската Скопје – Блацe, потенцираше заменик министерот Реџепи.

 

Тој пред присутните го образложи плановите на Министерството за транспорт и врски во насока на подобрување на постојната патна мрежа од аспект на подобрување на условите и безбедноста.

 

Заменик министерот Реџепи во своето обраќање се осврна и на проектот за воведување на електронски систем за наплата на патна такса во Коридорот 8 како и за изградбата на новата пруга од Куманово до Деве Баир.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...