spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка...

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ.

Ковачевски посочи дека меѓународната заедница дава поддршка на Северна Македонија за членство во ЕУ, а најбрзиот пат кон Европската Унија е напредок во реформите. Тој истакна дека не постојат ,,подобри или полоши преговори” за членство, како што тврди опозицијата, туку треба да се продолжи пристапниот процес.

„Сега е моментот Северна Македонија да ги донесе одлуките за европските интеграции. Не постои начин и не постои подобар предлог од оној што е доставен од 27те земји членки на ЕУ. Тие директно, како и другите државници кои што доаѓаат, како и странски претставници и амбасадори во државата, директно го демантираат тоа што го кажува опозицијата, дека тие ќе преговарале подобар договор, односно подобра преговарачка рамка”, рече премиерот.

Ковачевски во интервјуто се осврна на клучните области каде што треба да се направат реформи, односно во делот на третата власт-правосудството, која е независна од извршната и законодавната. Потсетувајќи на скорешната изјава на амбасадорот на Холандија дека многу средства како донација се дадени за подобрување на состојбите во правосудството, премиерот истакна:

„Тоа не се разликува ниту од тоа што јас сум го кажувал досега, а тоа е дека ние мора да направиме систем во правосудниот дел кој што ќе биде транспарентен, каде ќе може да се идентификува точно кои се оние поединци, кои имаат одлични перформанси, а кои се оние кои што имаат послаби перформанси за нивното работење да се унапреди. Меѓутоа исто така може и да се заменат со нови кадри во делот на правосудството”, истакна премиерот во интервјуто за Канал 5.

Претседателот на Владата ја потенцираше заложбата изминативе 5 години, посебно изминатава година за напредокот на земјата во областа на владеењето на правото, демократијата и слобода на медиумите.

„Деветнаесет места се имаме искачено во слободата на медиумите, ние денес сме 38ма држава во Светот според слободата на медиумите и јас верувам дека ќе бидеме уште подобри, а можеме да бидеме и најдобри од сите држави со оглед на тоа дека медиумите навистина денес можат да известуваат на начин на кој што треба да ги пренесуваат информациите до граѓаните.

За таа цел со САД потпишавме и меморандум со кој ќе работиме и на унапредување на демократијата меѓутоа и во заедничка борба против дезинформациите, против манипулациите во јавното информирање. Демократските процеси се навистина најзначајни во една држава која што е земја членка на НАТО и се стреми да стане земја членка на ЕУ до 2030 година”, рече Ковачевски.

Премиерот потсети дека во Собранието од страна на опозицијата се блокирани многу законски решенија кои ќе значат квалитетно подобрување во правосудството.

„Дел од законските решенија се веќе изгласани во делот на кривичниот законик, меѓутоа има голем број на решенија кои се подготвени, а се блокирани од опозицијата само заради блокадата. И доколку го погледнете најновиот извештај на „Фридом Хаус“ таму точно е нотирано дека нашиот Парламент е блокиран од опозицијата и со тоа е намалена неговата функционалност само заради дневно политички поени”, додаде претседателот на Владата.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Македонската Спортска Стрелачка Федерација ќе функционира во рамки на спортската...

0
Во амфитеатарот на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош ја одржаа 57-мата седница каде расправаа и полноправно одлучуваа по 17 точки кои се најдоа...