spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски за ТВ Канал 5 : Сега е моментот за одлука која...

Ковачевски за ТВ Канал 5 : Сега е моментот за одлука која ќе обезбеди интеграција на земјата во ЕУ

„Пораката на претседателот на Франција Емануел Макрон е многу јасна, тој уште еднаш ја искажа својата силна поддршка дека сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава“, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во вечерашното интервју за дневникот на телевизија „Канал 5“, по завршувањето на форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

Премиерот Ковачевски во интервјуто рече дека на средбите со францускиот претседател Макрон но и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен, е потенцирана важноста од носењето на потребните одлуки кои се важни за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

„Разговаравме за процесот на уставни измени кој кај нас е отпочнат. Предлогот за иницијативата е веќе направен, испратен до министерството за правда, идната недела ќе биде доставен до Владата, која подоцна ќе го испрати до Собранието за да отпочне процедурата. Претседателот Макрон, исто како и претседателката на Европската Комисија, кажаа дека сега е моментот да се донесат потребните одлуки, кои одлуки овозможуваат непречено интегрирање на Северна Македонија понатамошно во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

При тоа, премиерот Ковачевски, потенцираше дека треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување на ЕУ со нови земји членки, односно тоа се Северна Македонија, Албанија, земјите од Западен Балкан.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...