spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Започна реконструкција на улицата „Драгорска“

Битола: Започна реконструкција на улицата „Драгорска“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните екипи од општината извршија увид на воведните градежни работи за реконструкција на улицата „Драгорска“. Инфраструктурните активности започнуваат со реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, каде работните активности ќе ги извршува КЈП Нискоградба, во должина од 522 метри, додека на реконструкција на водоводната мрежа ќе работи јавното претпријатие „Водовод“.

Вкупната вредност на проектот, вклучувајќи ја канализационата, водоводната мрежа и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МП: Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

0
Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите...