spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Проект за Соларна енергија во станбените згради

Битола: Проект за Соларна енергија во станбените згради

Хабитат Македонија и општините Битола и Карпош потпишаа меморандум за соработка на полето на развој на користењето на обновливи извори на енергија во домаќинствата во станбените згради.

Оваа соработка е дел од активностите на проектот „Sunrise – потрошувачи-производители на соларна енергија“. Проектот е финансиран од програмата European Climate Initiative – EUKI,  а има за цел зголемување на употребата на обновливите извори на енергија во станбениот сектор од страна на индивидуалните сопственици/станари, следејќи го концептот на потрошувачи-производители, односно произведувачи и корисници на енергија во исто време.

Проектот SUNRISE го поддржува амбициозниот Зелен Договор на ЕУ за постигнување на климатска неутралност во 2050 година и за декарбонизација на енергетските системи преку зголемување на употребата на обновливи извори на енергија во домаќинствата, особено на оние кои живеат во станбени згради преку иницирање на модели за зголемување на користењето на соларна енергија во три земји – Бугарија, Литванија и Македонија.

„Со проектот SUNRISE,  Хабитат Македонија партнерски се вклучува во проектот од EUKI програмата на германската влада, и заедно со општините Карпош и Битола ќе спроведеме повеќе активности за  зголемување на користењето на соларна енергија од страна на домаќинствата кои живеат во станбени згради. Проектот предвидува активности за анализа на параметрите кои влијаат врз зголемување на користењето на соларна енергија во станбени згради, вклучување на граѓаните во разбирање и едукација за користење на соларна енергија, изнаоѓање на решенија за финансирање за обновливи извори на енергија во станбените згради, како и инсталирање на пилот приклучоци и фотоволтаици во станбени згради. “ – изјави Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија.

Во Македонија, проектот ќе се спроведува во општините Карпош и Битола, каде ќе се одвиваат активности за зголемување на искористувањето на сончевата енергија во домаќинствата кои живеат во станбени згради.

„Секој проект кој значи придобивка за граѓаните, унапредување на животната средина, и намалување на трошоците е добредојден во општина Битола. Во тек се повеќе активности во самата општина за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, веќе е направено мапирање на состојбата на сите основни и средни училишта и детски градинки за поставување на фотоволтаици на училиштата, евидентирано е каде се направени потребните реконструкции во делот кој е поврзан со зголемување на енергетската ефикасност, односно заштеда на енергија и намалување на загубите и каде треба дополнително да се интервенира, со што во завршна фаза е и изработката на Програмата за енергетска ефикасност. Во тек се повеќе проекти во насока на поголемо искористување на сончевата енергија и обновливите извори, и секако верувам дека голем поттик кај граѓаните за користење на сончевата енергија, ќе даде овој проект не само преку активности за јакнење на свесноста кај граѓаните, туку и со поттикнување на конкретни активности во делот на практична имплементација и реализација на пилот проекти.” – истакна градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Во оваа прилика беа претставени и надлежностите на Советодавна група за чинители на проектот Sunrise, тело на проектот кое ќе учествува во процесот на идентификување на приоритетите на локалните заедници и нивно интегрирање во проектните цели и активности, согласно законодавните и стратешките национални и локални цели во врска со прашањата за надминување на енергетската сиромаштија.

Проектот Sunrise е дел од Европската климатска иницијатива (European Climate Initiative – EUKI).

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте