HomeОпштиниБитола: Изградба на улична мрежа во село Оптичари во должина над еден...

Битола: Изградба на улична мрежа во село Оптичари во должина над еден километар

spot_img
spot_img

Општина Битола започна со реализација на уште еден проект со кој ќе се подобрат инфраструктурните услови во руралните места. Во селото Оптичари започна реализацијата на проектот за изградба на коловоз на 7 профили на улици во должина од 1090 метри.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на градежните работи во селото, каде на средбата со мештаните, разговараше за уличната мрежа која ќе биде опфатена и динамиката со која ќе се реализира проектот.

Жителите на селото Оптичари, изразија голема благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа, затоа што и ова населено место ќе добие асфалтирани улици, а досегашните проблеми предизвикани од кал и прашина, кои постојат од населувањето, ќе станат минато.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.238.208 денари, а изведувач на работните активности е „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола.

 

 

Извор: Општина Битола 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија