Во фер и натпреварувачка атмосфера од 01.06 до 04.06.2023 година, во Хотелскиот комплекс Метропол во Охрид, се одржаа 28-мите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. Оваа година, учество зедоа над 400 учесници на Синдикатот на УПОЗ од 34 синдикални организации и тоа од:
- Државен пазарен инспекторат
- Општина Битола
- ЈП Стрежево Битола
- Град Скопје
- Државен завод за ревизија
- Царинската управа на РСМ
- Основен суд Куманово
- Државен инспекторат за земјоделство
- Основен суд Тетово
- Дирекција за заштита и спасување
- Општина Гевгелија
- Основен граѓански суд Скопје
- Општина Демир Хисар
- Општина Карпош
- КПУ Затвор Штип
- Општина Гази Баба
- Агенција за катастар на недвижности
- Здружение на возачи на град Скопје
- Општина Струмица
- Основен суд Струмица
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
- Основен суд Кавадарци
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Општина Крива Паланка
- Центар за социјална работа Велес
- Јавните обвинителства на РСМ
- Основен суд Делчево
- Општина Кочани
- Службен весник на РСМ
- Управата за јавни приходи
- Општина Тетово
- Општина Штип
- Министерство за информатичко општество и администрација
- Општина Кавадарци
Севкупен победник во машка конкуренција беше екипата на Општина Карпош со освоени 10 поени, а севкупен победник во женска конкуренција беше екипата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со освоени 11 поени.
Севкупен победник на 28-мите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ беше Синдикалната организација при Општина Карпош со освоени 27 бод.
Наградата за фер плеј ја доби Агенцијата за катастар на недвижности, а за најдобар спортист беше избрана Биљана Младенова од Основен суд Кавадарци со освени три први места и едно трето место.
Свеченото отворање се одржа на терасата на хотел Белви а претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски ги поздрави учесниците и ги отвори спортските игри. И оваа година, подржувачи на Синдикатот на УПОЗ беа Кожуфчанка од Кавадарци, Халк Банка и Скопска пивара АД Скопје.
За помасовно учество, шест синдикалните организации ја искористија можноста која ја дава Солидарниот фонд и искористија 104 позајмици во вкупен износ од 643.600,00 денари.
Третата вечер беше резервирана за доделување, за што беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава.
Врз основа на искажувањата и впечатоците на сите учесници, можеме да констатираме дека имавме успешни игри и средби.
Извор: УПОЗ