Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер беа гости во општинското основно училиште “Дане Крапчев” во н. Ченто, каде ја проследија приредбата по повод реализација на Е- твининг проектот “Ја прославуваме Франкофонијата”.
Приредбата беше изведена од учениците од секцијата по француски кои членуваат во училиштето.
Амбасадата на Република Франција и Францускиот институт во Скопје овозможија општинското основно училиште Дане Крапчев да биде дел од мрежата “Го сакам францускиот”.
Амбасадата на Франција донираше интерактивен панел за училницата по француски јазик.
Градоначалникот Стефковски го покани Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер да дојде во посета на општина Гази Баба за да ја продлабочиме соработката, но изрази и благодарност за реализацијата на овој проект.
Извор: Општина Гази Баба