spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПродолжува во Брисел билатералната скрининг агенда за Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен...

Продолжува во Брисел билатералната скрининг агенда за Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“

Вчера во Брисел продолжија  билатералните скрининг состаноци од Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, за Поглавјето 17, „Економска и монетарна политика“.

Членовите на работната група за Поглавјето 19, предводени од заменичката на главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита

Абдиу-Халили, презентираа за актуелната економска состојба во Северна Македонија и тековните фискални и структурни реформи.
Пред претставниците на Европската комисија заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Абдиу-Халили, рече дека „Северна Македонија во континуитет постигнува значителни резултати преку апликациите во претпристапните економски програми, а од неодамна и од програмите за економски реформи“.

Абдиу-Халили на состанокот се осврна и на дел од реформите кои ги имаме реализирано, потенцирајќи дека е донесен Закон за буџет кој е во согласност со Директивата на Советот на ЕУ и дека Владата ќе остане фокусирана на креирање политики кои како што вели таа „ќе ни помогнат да ги преземеме обврските кои произлегуваат од членството во економската и монетарната унија“.

-Посветени сме на унапредување на јавните финансии и промовирање на ефективни економски политики. Усогласувањето со европската регулатива е во напредна фаза и наш главен приоритет е зајакнувањето на институционалната и финансиската независност на Народната банка, додаде Дрита Абдиу-Халили.

Надлежни институции за оваа област, чии претставници на денешниот билатерален скрининг ја презентираа монетарната и економската политика на Северна Македонија, се: Министерството за финансии, Народната банка, Министерството за економија, Државната агенција за статистика и Државната комисија за спречување на корупцијата како и Секретаријатот за eвропски прашања.

Утре ќе започне билатералниот скрининг состанок за Поглавје 29, „Царинска унија“, кое ќе трае два дена.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте