spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: РеСПА го одржа Вториот модул на Регионалната академија за процесот на...

МИОА: РеСПА го одржа Вториот модул на Регионалната академија за процесот на креирање јавни политики посветен на следењето и оценувањето

Во организација на РеСПА,државните службеници од регионот што се задолжени за креирање и спроведување јавни политики, вклучувајќи ги претставниците на генералните секретаријати на владите и министерствата задолжени за реформа на јавната администрација, поминаа низ интензивна четиридневна обука за да стекнат знаења и практични вештини во областа на следењето и оценувањето на јавните политики.

Учесниците разменија искуства и ја анализираа тековната состојба во регионот во оваа областа, ги согледаа заедничките проблеми и предложија конкретни решенија за поефикасно планирање и реализација на следењето и оценувањето на јавните политики во своите администрации. Комбинирајќи ги теоријата и практиката, Вториот модул на Регионалната академија ги зајакна државните службеници во областа на анализата на основните темели и модели за ефикасно следење и оценување, анализа на показателите, аспектите на родовата рамноправност  во процесот на стратешко планирање на политиките, значењето на поврзувањето на финансиското планирање со следењето и оценувањето. Учесниците, преку презентирање на иновативните начела на јавната администрација, примери за добри практики од Црна Гора и другите земји од регионот, како и од Унгарија и Естонија, можеа да се запознаат како во практиката ефикасно се поврзува стратешкото и економското планирање со координацијата и со следењето и оценувањето на политиките.

 

„Ефикасните јавни политики влијаат врз брзата интеграција на регионот во ЕУ. Со организирањето на Регионалната академија сакаме не само конкретно да влијаеме врз процесот на системското градење, спроведувањето и следењето на јавните политики, туку и да влијаеме врз поефикасно работење на јавните администрации во регионот и, на крајот, врз неговата побрза ЕУ интеграција. Првиот модул на Регионалната академија го одржавме претходната година во Нови Сад, кога се фокусиравме на основите на сите фази на циклусот на политики, додека, пак, оваа година, во рамките на Вториот модул. се фокусиравме на следењето и оценувањето“, истакна Драган Ѓуриќ, раководител на програмата на РеСПА.

РеСПА ја основа Регионалната академија за процесот на креирање политики што се заснова врз докази во октомври минатата година за да го подобри креирањето на политиките во јавните администрации на Западен Балкан и да ги направи овие администрации поефикасни и поефективни.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...