spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМЗШВ: Одбележан Светскиот ден за безбедност на храна

МЗШВ: Одбележан Светскиот ден за безбедност на храна

Генералното собрание на Обединетите нации, во 2018 година го воспостави 07. Јуни како Светски ден за безбедност на храна, под слоганот „Безбедноста на храната е сечија работа” (Food safety is everyone’s business).

Во организација на АХВ завчера во хотел Белви, Скопје, се одржа работилница на која беа презентирани повеќе теми од областа на здравјето и безбедноста на храната, како и работењето на Агенцијата со цел запазување на пропишаните стандарди за безбедност на храна, што за крајна цел има подигање на јавната свест за значењето на производство и консумација на безбедна храна.

Со подигнување на јавната свест ќе се постигне напредок во секоја област, почнувајќи од примарното производство, преку прехранбената индустрија па се до здравствениот систем, што јасно покажува дека ризикот од небезбедна храна не само што влијае на секој поединец, туку е сериозна закана и за економијата на секоја земја.

„Годинешната тема под која се одржува Светскиот ден за безбедна храна е „Стандардите за храна спасуваат животи“. Ова е клучниот аргумент кој го имаме на ум сите ние кои сме претставници на институции кои се директно вклучени во обезбедувањето здрава и безбедна храна. Ова е целта која сакаме да биде главен фокус на сите производители во прехранбениот ланец, да се почитуваат стандардите кои се јасно дефинирани и кои постојано се надополнуваат. Стандардите даваат насоки за хигиенско ракување со храна, ги дефинираат максималните нивоа на адитиви, резидуи од пестициди и ветеринарни лекови, правилно пакување, транспорт и складирање. И сето ова мора максимално да се почитува и ние тоа успешно го правиме“ рече министерот Николовски.

Европската агенда „Од фарма до трпеза“ јасно ја отсликува потребата за примена на стандарди и контрола на безбедноста на храната на секое ниво, почнувајќи од примарното производство.

„Од тука почнува сѐ. Токму од нивите и фармите. Затоа и ние како министерство постојано апелираме земјоделците да применуваат добри агроеколошки практики со чија примена имаат бројни придобивки. Не само што се произведува здрава и безбедна храна, туку се добиваат и поголеми приноси на иста површина, се намалуваат загубите, се превенираат болестите и се штити животната средина“ потенцираше Николовски.

Токму во таа насока, Министерството и АХВ, со поддршка од ФАО, неодмана ја започнаа втората фаза од процесот за унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната, како еден од приоритетите со стратешко значење за земјоделскиот сектор.  Обврската да го усогласиме националното законодавство за благосостојба на животните и безбедност на храната, со стандардите на Европската Унија, е она на кое заеднички работиме и кое ќе ни отвори многу врати, ќе имаме поконкуретно производство кое ќе има олеснет пристап до глобалните пазари.

„И како што кажува слоганот „Безбедноста на храната е сечија работа”, упатувам порака до сите, да ја шириме оваа информација, да допре до секој граѓанин, да ги научиме и децата од најмали нозе да развијат свест за здрава и безбедна храна, а со тоа да обезбедиме здравје за сите. Само така, свеста за безбедноста на храната постојано ќе расте“ порача министерот Николовски.

Целта на одбележувањето на овој ден ширум светот, е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната, да се превенираат, да се откријат и правилно да се управува со ризиците, кои се однесуваат на безбедноста на храната.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...